+389 33 441 205 kemalovski.e@veneras.mk

Апликации

Спремен си да започнеш нова кариера? Аплицирај и влези во свет на нови можности!

ЛИЧНА БИОГРАФИЈА

Прикачи лична биографија и од нашиот тим очекувај соодветна понуда за вработување

Одбери канцеларија:

Скопје

Делчево

Штип

СТУДИСКА РАБОТНА ПРАКСА ВО ГЕРМАНИЈА

Студиска работна пракса во Германија, достапна зимска и летна

Одбери канцеларија:

Скопје

Делчево

Штип

ПРЕНАМЕНА НА ПОСТОЈНА РАБОТНА ДОЗВОЛА

Пренамена на постојна работна дозвола за лица кои веќе се наоѓаат во Германија.

Одбери канцеларија:

Скопје

Делчево

Штип

НОВО: ПОНУДА НА СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА И ПРЕНАМЕНА НА РАБОТНО МЕСТО СО ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКА ДОЗВОЛА (ОФЕНТАЛ)

Веќе работите во Германија? Но, останавте беза вашето работно место заради COVID-19? Ние сме тука да ви помогнеме преку нашите партнери! Имaме понуда за нови работни места! Побрзајте, понудата е ограничена!

Одберете канцеларија:

Скопје

Делчево

Штип

ЛЕТНА И ЗИМСКА ЕДУКАЦИСКА РАБОТНА ПРАКСА ВО ГЕРМАНИЈА

2021 Работа во Логистички центри, заработка од околу 5.000 € за тромесечие, без стартни административни трошоци

Одбери канцеларија:

Скопје

Делчево

Штип

РАБОТНА Д ВИЗА ЗА ЛИЦА СО МК ПАСОШ ВО ГЕРМАНИЈА

Консултации и посредување за добивање на работна Д виза во Германија.

Одбери канцеларија:

Скопје

Делчево

Штип

СМЕСТУВАЊЕ

Апликација за сместување во Германија.

Одбери канцеларија:

Скопје

Делчево

Штип

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

НОВО: ПОНУДА НА СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА И ПРЕНАМЕНА НА РАБОТНО МЕСТО СО ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКА ДОЗВОЛА (ОФЕНТАЛ)

Веќе работите во Германија? Но, останавте беза вашето работно место заради COVID-19?
Ние сме тука да ви помогнеме преку нашите партнери! Имaме понуда за нови работни места! Побрзајте, понудата е ограничена!
Како да ја пренамените вашата дозвола за работа и престој?
Одговорите на овие прашања прочитајте ги подолу!

Заради пандемијата со кронавирусот, многумина наши македонски сограѓани коишто работеа во Сојузна Република Германија ги изгубија своите работни места и останаа без работен ангажман.

ВЕНЕРАС е подготвена да им помогне на овие наши сограѓани коишто се наоѓаат во незавидна ситуација преку своите деловни партнери во Германија и актуелната понуда на пазарот на трудот во оваа земја. На располагање имаме повеќе работни позиции кои што се слободни во овој момент, а ја администрираме и пренамената на Дозволата за работа и престој.

Нашата компанија има широк портфолио од различни врвни работодавачи, со голем опфат на најразлични работни позиции во градови низ целата територија на Германија. 

Најчесто, овие работни позиции се во услужната дејност, како што се во: 

  • Работа во Гастрономскиот сектор;
  • Работни позиции како возачи со Б, Ц и Е категорија;
  • Работа во објекти од хотелиерството;
  • Работа во ресторани за брза храна, како што се Burger King, Mc
    Donald’s, KFC и слично;
  • Работа во телекомуникациските оператори, како што се Телеком, Водафон и слично;
  • Работа на Аеродроми;
  • Работа во земјоделската индустрија;
  • Работа за медицински персонал од секоја област и специјалност;
  • Работа во Логистички центри за пакување на месо.
  • Ги охрабруваме сите заинтересирани да побрзаат и да аплицираат преку апликацијата поставена на нашиот веб-сајт. Вашата апликација веднаш ќе биде разледана од нашиот тим и за сите следни чекор ќе бидете брзо и навремено известувани.  НАШАТА ЦЕЛ Е ШТО ПОБРЗОДА ИМ ИЗЛЕЗЕМЕ ВО ПРЕСРЕТ КОГА Е НАЈТЕШКО И ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА СИТЕ ОВИЕ ЛУЃЕ КОИШТО ГИ ИЗГУБИЛЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА ЗАРАДИ КРИЗАТА. 
    ЗАРАДИ ОВА, ВЕНЕРАС ГИ ПОКРИВА ТРОШОЦИТЕ ЗА ВАШЕТО СМЕСТУВАЊЕ ВО ПРВИОТ МЕСЕЦ ОД РАБОТНИОТ АНГАЖМАН! СЕКОГАШ МОЖЕТЕ ДА СЕ ПОТПРЕТЕ НА ВЕНЕРАС, ВАШИОТ
    ПАРТНЕР, ПРИЈАТЕЛ, СОРАБОТНИК! 

     

    ПРЕНАМЕНА НА ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКАТА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА И ЗА ПРЕСТОЈ (ОФЕНТАЛ) 
    Што значи Пренамена на веќе постоечка / издадена Дозвола за работа и за престој?

    Тоа значи можност за пренаменување на вашата Дозвола за работа и за престој
    којашто ви била издадена во Германија за едно работно место и престој – да се
    се пренамени за друго работно место и место за престој во Германија!

    КОИ СЕ ПРВИТЕ ЧЕКОРИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС?

  • Прелиминарно, доставувате лично известување до општината (Rathaus)
    дека ќе го пренамените вашето работно место, со доставување на
    документ – отказ од работдавач или сопогодбено раскинување на
    работниот договор.
  • Барањето за пренамена на Дозволата (Офентал) можете да го направите
    во местото кадешто веќе престојувате и работите (или сте работеле) во
    моментов или во местото кадешто ќе работите во следниот период.

    КОИ СЕ НАШИ ОБВРСКИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС?

  • Обезбедување на валиден и ратификуван Работен договор, со наша
    асистенција по ваш избор и согласно вашите валидни квалифакции за
    односното работно место;
  • Издавање на Потврда за ваше сместување.
  • Опис на работно место кај новиот работодавач
  • Адреса од локалната / државната институција кадешто  треба да се
    поднесат неопходните документи;
  • БОНУС: ВЕНЕРАС ГИ ПОКРИВА ТРОШОЦИТЕ ЗА ВАШЕТО
    СМЕСТУВАЊЕ ВО ПРВИОТ МЕСЕЦ ОД РАБОТНИОТ
    АНГАЖМАН! 

    КОИ СЕ ВАШИ ОБВРСКИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС?
    Достава на комплетна неопходна документација, како што е:

  • Ваше CV / Биографија на германски или на англиски јазик
  •  Валидна Патна исправа / Пасош
  • Пополнета Апликација, поставена на нашата веб страница:
    https://veneras.mk/
  • Скенирана верзија на документот – Дозвола за работа и престој во
    Германија (Aufenthal)
  • Документ од вашата пријава на адресата за престој

Ве охрабруваме веднаш да побарате он-лајн термин за консултации, а Тимот на ВЕНЕРАС ќе ви излезе во пресрет со процедурите за
пополнување и обезбедување на целосната документација.

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПРЕНАМЕНА НА ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКАТА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА И ЗА ПРЕСТОЈ И КОЛКУ Е ТОЈ ПРОЦЕС УСПЕШЕН?

По нашето долгогодишно искуство, ваквите процедури можат да траат од четири до шест недели, во зависност од предметната општина и од локалниот адмистративен референт којшто го работи вашиот случај;
ВЕНЕРАС, како компанија којашто успешно соработува со германскте работодавачи и административни (локални државни) власти, е горда на бројката којашто може да ја кажеме, а тоа е дека од близу 500 апликации за пренамена на Дозволата, само седум беа неуспешни пренамени. Успешноста за пренамена на Дозволата за работа и за престој зависи од Институтот за странци на Сојузна Република Германија. Доколку престојувате подолго од шест месеци во Германија и веќе имате добиено дозвола за престој (Aufenthal) и / или имате добиено отказ од работодавач, можностите за пренамена на Дозволата се поголеми.
По добиената пренамена, го известуваме вашиот работодавач дека пренамената ви е успешна и по негово одобрување можете да почнете со работа.

НАПОМЕНА:
ВЕНЕРАС не гарантира, ниту може да гарантира за успешноста во процесот на пренамена на Дозволата за работа и за престој!
Обврските на ВЕНЕРАС се да ги обезбедат сите неопходни документи за валидност на процедурите;
Одобрувањето или неодобрувањето на процесот на пренамена на Дозволата за работа и за престој е исклучиво и ексклузивно во надлежност на релевантните германски инситуции!

ПОЈАСНУВАЊЕ И КУС ОПИС НА ЧЕКОРИТЕ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА
ПРОЦЕСОТ: 
Се пријавувате во Општината (Rathaus) во градот кадешто ќе работите на новото работно место, за да добиете потврда дека успешно сте пријавени на адреса на живеење (за самата пријава, некои општини наплаќаат еднократно околу 100 евра, на лице место);
Комплетната документација вие лично ја доставувате во Општината (Rathaus) во Германија, поточно во канцеларијата на оваа институција во градот кадешто аплицирате за новото работно место (вообичаено таму имаат оддел за изработка на документи за странци коишто доаѓаат од земјите од Балканот);
По доставените документи, се чека од четири до осум недели на одговор од Институтот за странци да ви ја одобри и да ви ја пренамени
Дозволата за новото работно место и место на престој. Временскиот предиод може да биде и подолг и зависи од одделот на Институтот за
странци.
Венерас, како компанија, е одговорна за комплетирање на потребаната документација, за обезбедување на сместувањето и за обезбедување на адресите од институциите кадешто треба да се доставите документите.
Венерас не превзема одговорност за успешноста или неуспешноста на пренамената на Дозволата за работа и за престој!

ТРОШОЦИ
За МКД
За клиентите коишто аплицираат од РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, трошокот за програмата вкупно изнесува 30.750,00
МКД.  Првата половина од наведениот износ се плаќа за започнување со процесот.
Втората половина се одбива од страна на работодавачот, од првата плата.
Уплатите треба да се извршат на денарската сметка на ВЕНЕРАС:
Сметка број: 300210000076413, депонент на Комерцијална Банка АД Скопје
Цел на дознака: Организациски процес

За СТРАНСТВО
За клиентите коишто аплицираат од СТРАНСТВО, трошокот за програмата вкупно изнесува 500,00 EUR.
Првата половина од наведениот износ се плаќа за започнување со
процесот.
Втората половина се одбива од страна на работодавачот, од првата плата.
Уплатите треба да се извршат на девизната сметка на ВЕНЕРАС:
IBAN CODE MK07300701003606621, депонент на Комерцијална Банка АД
Скопје, филијала Кочани. SWIFT KOBSMK2XKOB
Цел на дознака: Констултански услуги

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ  
Бесплатни консултации еден-на-еден или за групи, преку нашите телефонски контакти, како и на дигиталните платформи.
Ви стоиме на располагање за секој чекор при подготовката на документите за аплицирање. За сите нејаснотии или за подетални информации треба само да нисе обратите на телефон, на маил или на некои од нашите акаунт и на социјалните мрежи!

Студентска едукациска работна пракса во Германија, Зимска / Летна

За аплицирање за студентска едукациска работна пракса, потребни се следниве документи:

  • Скенирана патна исправа, со важност од минимум шест месеци
  • Биографија / CV / со прикачена ваша фотографија
  • Потврда за редовен студент, односно Иматрикулационен документ во три примероци, (формулар којшто студентите го добиваат од наша страна, а потоа ги заверуваат на нивниот факултет)
  • Пополнета Апликација, којашто заедно со останатите документи (CV, пасош, иматрикулационен документ), ни ја праќаат на мејл

Секој студент при аплицирање, најпрво потпишува договор за услуга со нашата агенција, при што се уплаќаат апликативните трошоци и се прави проверка на германски јазик, со германист од агенцијата. Откако ќе го поминат интервјуто, ги доставуваат потребните документи, ги пуштаме церлокупните документи кај работодавач. Откако работодавачот ќе одобри вработување, ги известуваме студентите и им го доставуваме документот – потврда за редовен студент, односно иматрикулациониот документ. Тој документ го носат на факултет да го заверат и потоа ги праќаме документите на работодавачот, најнапред скенирани на мејл, а потоа оргиналите ги праќаме по пошта. Работодавачот ги праќа документите во ЦАФ (Федералната агенција за вработување во Германија). Времето на добивање на работна дозвола е од два до максимум осум недели. За тоа време го организираме сместувањето. Откако работодавачот ќе нè извести дека работните дозволи се одобрени (нам ни ги доставува на мејл), ги известуваме студентите дека работните дозволи им се одобрени и можат да го планираат патувањето за Германија. Пред заминување за Германија, Агенцијата организира патничко осигурување, а се врши и обука која ги содржи сите потребни информации кои ќе им бидат потребни при пристугнување во Германија (каде треба да појдат, што треба да направат…), им даваме потврда за сместување, како и работните дозволи од ЦАФ. Ги известуваме работодавците и газдите на сместувањето на кој ден, во колку часот би пристигнале во Германија и им даваме контакти и адреси од работното место и од сместување. Исто така им закажуваме и термини за санитарна книшка, на оние работни места кадешто таа е потребна.

Работна Д виза за лица со МК пасош во Германија

За аплицирање за Д-Виза потребно е апликантите да ни достават:

  • Скенирана патна исправа со важност од минимум шест месеци
  • Биографија / CV, со прикачена ваша фотографија
  • Пополнета Апликација

Сместувањето е во зависност од желбата на апликантот:

Еднокреветна соба со заедничка кујна, купатило, колективно сместување или посебен стан за самиот апликант.

Цените се различни во зависност од сместувањето

Секоја странка која ќе аплицира за процес на добивање на работна виза во Германската амбасада најпрвин потпишува договор и уплаќа сума за апликативни трошоци. Потоа му закажуваме термин во германска амбасада, при што за терминот го известуваат лично апликантот на мејл. Во меѓувреме тој доставува CV, пасош и апликација кај нас. Откако веќе добил термин за во германска амбасада, го распределуваме апликантот, односно му обезбедуваме работен договор и на терминот ги носи сите потребни документи кои ние му ги обезбедуваме, а тоа е: работен договор, опис на работно место (доставени од работодавачот), барање за виза, скениран пасош, формална потврда за сместување. Откако ќе ги однесе документите во амбасада во рок од околу 2 недели го известуваат на мејл дека треба да појде во амбасада. Таму му соопштуваат дали добил виза или не. Откако ќе добие виза, го организираме сместувањето и за рок од 2 недели може да појде во Германија. Пред да појде му закажуваме термин за санитарна книшка во Германија, ги известуваме работодавците и газдите на сместување кога пристигнува и на мејл му доставуваме инфо пакет за работата и сместувањето.

Пренамена на постојна работна и дозвола престој, за лица кои веќе се наоѓаат во Германија

За аплицирање за пренамена на веќе постоечка германска виза потребно е апликантите да ни достават:

  • Скенирана патна исправа со важност од минимум шест месеци
  • Биографија / CV, со прикачена ваша фотографија
  • Пополнета Апликација
  • Офентал, односно дозвола за престој во Германија

За пренамена на веќе постоечка германска виза, апликантот при аплицирање кај нас во агенција потпишува договор и уплаќа сума за да почнеме со целосна организација. Доставува кај нас пасош, цв, апликација и офентал односно дозвола за престој во Германија. 

За да може да може тој да направи пренамена, во Институтот за странци носи отказ од претходното работно место, нов договор за работа, опис за работа, формална потврда за сместување, пасош и офентал во градот во Германија каде што престојува или во градот каде што ќе работи. Документите работен договор, опис на работа и потврда за сместување ги организираме ние. Процесот за пренамена на виза е од 2 до 8 недели во просек, може и повеќе, се зависи од институтот за странци во Германија.

Откако ќе не извести дека добил дозвола за работа, односно нова виза, го организираме сместувањето кое е по желба на апликантот.

Видови сместување

Колективните сместувања се сместувања во кои се сместени минимум 2 лица до максимум 7 лица. Тие лица користат заедничка кујна, купатило,вц, а имаат интернет, машина за перење, ормари иткн…Овие сместувања се поевтини, може да се најде од 200 евра до макс.350 во зависност од тоа по колку лица се сместени во соба. Исто така доколку објектот каде што се сметени голем број на лица, наречен пенсион/хостел, таму имаат на располагање по 2/3 кујни, 7/8 купатила и вц, 7 машини за перење. 

Семејните или приватните сместувања се поскапи и цената варира во зависност од квадратурата на станот и локацијата на градот. Сместување во центарот на градот е поскапо за разлика од сместувањето во периферијата на градот. За овие сместувања најчесто се плаќа кауција за првите 3 месеци однапред и при вселување се плаќа и месечната кирија за првиот месец. Сместувањата се движат од минимум 500 евра од околу 1200 евра. 

За процес апликација на сместување, апликантот потпишува договор, при што уплаќа сума од 50 евра за апликациски трокови и откако се најде сместување, уплаќа уште 250 евра. Сумата е по лице. 

Времето на организирање на семејните (приватни) сместувања е од 2 до 4 недели.

Доколку имате прашања, слободно контактирајте не.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

КАКО ДА ЗАКАЖАМ СРЕДБА ВО ВЕНЕРАС?

ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ, МОЖЕТЕ ДА НÈ ПОСЕТИТЕ ВО ФИЛИЈАЛИТЕ ВО СКОПЈЕ НА УЛ. РАЈКО ЖИНЗИФОВ БР. 30 ИЛИ ВО ШТИП НА УЛ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ БР. 54, 2000. МОЖЕТЕ ДА ЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИЈА, СРЕДБА ИЛИ БИЛО КАКОВ ТИП НА КОМУНИКАЦИЈА И ПРЕКУ НА НАШИТЕ КОНТАКТИ НАВЕДЕНИ ВО КОНТАКТ ТАБОТ НА НАШИОТ ВЕБ САЈТ.

ДАЛИ МИ ТРЕБА НЕКОЕ ПРЕДЗНАЕЊЕ / СТРУЧНОСТ?

СО МИНИМАЛНО ПОЗНАВАЊЕ НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ИЛИ ПОЗНАВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК, НИЕ ЌЕ ВИ НАЈДЕМЕ СООДВЕТНА РАБОТА ВО ПОНУДЕНИТЕ ЗЕМЈИ. СЕКАКО, ОНА ШТО Е ДОПОЛНИТЕЛЕН ПЛУС ЗА ВАС Е ДА ИМАТЕ СИЛНА ЖЕЛБА И ВОЉА ЗА РАБОТА.

ШТО Е ВОДЕЊЕ НИЗ ПРОЦЕСОТ ВИЗА?

ЕДНА ОД НАШИТЕ ОБВРСКИ Е И КОМПЛЕТИРАЊЕТО НА ЦЕЛОКУПНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА НАШИТЕ КЛИЕНТИ И НИВНО ВОДЕЊЕ НИЗ ВИЗА ПРОЦЕСОТ, КАКО БИ МОЖЕЛА ЦЕЛАТА ПОСТАПКА ПОЕФИКАСНО И ПОЕФЕКТИВНО ДА БИДЕ ЗАВРШЕНА.

ДАЛИ МИ ТРЕБААТ НЕКОИ ДОКУМЕНТИ ПРЕД ДА ДОЈДАМ ВО ВЕНЕРАС?

ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА РАБОТА, СО ВАС ТРЕБА ДА ПОНЕСЕТЕ ВАШ ПАСОШ И ЛИЧНА КАРТА.

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ИНФОРМАТИВНАТА СРЕДБА ВО ВЕНЕРАС?

НИЕ ПОСТОИМЕ ЗА ВАС. НАША ОБВРСКА Е ДА ВИ ГИ ОДГОВОРИМЕ СИТЕ ПРАШАЊА КОИШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРААТ. ВЕНЕРАС ЈА ДВИЖАТ МОТИВАЦИЈАТА И ПОСВЕТЕНОСТА КОН ПРОФЕСИОНАЛНО ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ, ЗА ШТО НАЈМНОГУ ЗАСЛУЖНИ СТЕ ТОКМУ ВИЕ.

Среќни клиенти

Имаш дополнителни прашања?