+389 33 441 205 kemalovski.e@veneras.mk

Сместување во Германија

Колективните сместувања се сместувања во кои се сместени минимум 2 лица до максимум 7 лица. Тие лица користат заедничка кујна, купатило,вц, а имаат интернет, машина за перење, ормари иткн…Овие сместувања се поевтини, може да се најде од 200 евра до макс.350 во зависност од тоа по колку лица се сместени во соба. Исто така доколку објектот каде што се сметени голем број на лица, наречен пенсион/хостел, таму имаат на располагање по 2/3 кујни, 7/8 купатила и вц, 7 машини за перење. 

Семејните или приватните сместувања се поскапи и цената варира во зависност од квадратурата на станот и локацијата на градот. Сместување во центарот на градот е поскапо за разлика од сместувањето во периферијата на градот. За овие сместувања најчесто се плаќа кауција за првите 3 месеци однапред и при вселување се плаќа и месечната кирија за првиот месец. Сместувањата се движат од минимум 500 евра од околу 1200 евра. 

За процес апликација на сместување, апликантот потпишува договор, при што уплаќа сума од 50 евра за апликациски трокови и откако се најде сместување, уплаќа уште 250 евра. Сумата е по лице. 

Времето на организирање на семејните (приватни) сместувања е од 2 до 4 недели.

Доколку имате прашања, слободно контактирајте не.

ПЕТНХАУС ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ВО МАНХАЈМ

Уште една одлична понуда за долгорочно сместување во еден од германските центри! Овој пат, нашите ценети соработници за недвижнини во Германија ни ставија на располагање за издавање пракрасен пентхаус стан во Манхајм (Mannheim). Станува збор за висококвалитетно опремен стан, што може да се види и од приложените фотографии.

 

Овој стан е идеален за две лица, со едно мало дете. Доколку се работи за друго трето лице или за поголемо дете, трошоците се зголемуваат за дополнителни 90,00 евра за месец.

 

Цените за изнајмување на подолг рок се следниве:

Минимум за една година: 1.170,00 евра месечно, со дополнителни 300,00 евра за режиски трошоци за месец;

На две години: 1.070,00 евра месечно, со дополнителни 300,00 евра за режиски трошоци за месец;

За изнајмување на три години: 990,00 евра месечно, со дополнителни 300,00 евра за режиски трошоци за месец

 

СМЕСТУВАЊЕ ВО МАНХАЈМ, ГЕРМАНИЈА

 

Понуда за сместување во Манхајм.

Дво и пол собен стан, на адреса: Hauptstraße 115, 68259 Mannheim – Feudenheim (Soutterrain).

Комотниот и модерно уредениот стан е составен од: 1 кујна, 1 капатило + ВЦ, 1 спална соба, како и 1 дневна соба. а вселлив е од 15 октомври, 2020 година.

Овој стан е идеален избор и најсоодветен за едно семејство од три лица (пар со едно дете), за брачен или за млад пар.

Месечната кирија заедно со тековните режиски сметки изнесува 1.150,00 евра, а задолжителната кауција е 2.370,00 евра.

Погледнете ги фотографиите од станот во прилог.

 *Минимум временски период за изнајмување на станот е една година.